Книжевен збор - категорија

иго повеќе

(едн.) игото
Вид збор: Именка, среден род
Окупаторски јарем, политичко и социјално ропство.
Англиски: oppression

извитопери повеќе

извитоперат
Вид збор: Глагол, свршен
Намерно преиначи некоја работа во своја корист.
Англиски: distort

изнадознае повеќе

Види и: дознае (св.)
изнадознаат
Вид збор: Глагол, свршен
Дознае доволно, дознае сè.
Англиски: find out

изнедри повеќе

изнедрат
Вид збор: Глагол, свршен
Излезе од недра.
Англиски: create

илјадалетен повеќе

илјадалетниот
Вид збор: Придавка
Што има илјада години, што трае илјада години.
Англиски: millennial

илјадалетие повеќе

мн. илјадалетија
Вид збор: Именка, среден род
Временски период од илјада години.
Англиски: millennium

именит повеќе

именитиот
Вид збор: Придавка
Што е нашироко познат.
Англиски: famous

инаквост повеќе

Види и: инаков (прид.)
(едн.)
Вид збор: Именка, женски род
различност, различитост
Англиски: difference

исполин повеќе

мн. исполини
Вид збор: Именка, машки род
Тој што е невообичаен по својата големина, сила, храброст, упорност и сл.
Англиски: giant

историчност повеќе

Види и: историја (ж.)
(едн.)
Вид збор: Именка, женски род
Историска актуелност на личности и случувања.
Англиски: historicity

источник повеќе

мн. источници
Вид збор: Именка, машки род
Извор, тоа од кое нешто се создава.
Англиски: spring, source

исход повеќе

мн. исходи
Вид збор: Именка, машки род
Резултат, последица од нешто.
Англиски: outcome Албански: rezultat

исходиште повеќе

мн. исходишта
Вид збор: Именка, среден род
Појдовна точка, место или состојба од каде што се поаѓа.
Англиски: starting point
а - б - в - г - д - е - ж - з - и - ј - к - л - љ - м - н - о - п - р - с - т - у - ф - х - ц - ч - ш